Skopje Pride 2025 – Ќе (оп)стоиме заедно!

Skopje Pride 2025 – Ќе (оп)стоиме заедно!

Дизајн Кристина Атанасова

Skopje Pride 2025

21 јуни | 18:00 | Парк жена борец

По шести пат, се враќаме на улиците во Скопје, за да потсетиме зошто сме тука.

Додека светот гори од војни и климатски колапс, а државата се распаѓа под тежината на сопствената корупција и неспособност, ние – ЛГБТИК+ луѓето – одбиваме да соучествуваме во тоа.

Гласно се спротивставуваме, ги осудуваме и се одрекуваме од:

Демографската хистерија на власта
Укинувањето на ЛГБТИК+ инклузивноста во образованието и недостатокот на институционална грижа што ги остави квир младите без заштита
Оркестрираните напади врз нашите транс другар(к)и што шират морална паника, страв и омраза
Одбивањето на Владата да го поддржи самоопределување на палестинскиот народ
Држава каде што храната е луксуз, а достоинствена плата невозможна утопија
Системската корупција, неказнивост и непостапување што одзеде 62 животи во Кочани

Не сакаме асимилациска инклузија во нормите на расистичкиот, патријархален, колинијалистички и екоциден капитализам претставен како единствениот можен свет, каде грижата ни се претвори во луксуз, здравјето во привилегија, а слободата во маркетинг-стратегија. Инсистираме на нивно отфрлање!

На фашизоидните фантазии кои сакаат тишина, одговараме со бучава.

Смрт за фашизмот, слобода за нас, народот!

 На 21-ви јуни, ја повикуваме пошироката заедница, пријателите, биолошките и избраните семејства, колегите и соборците/ките да излезат на скопските улици во борба за колективна слобода.

Да (оп)стоиме, заедно!