Податоци од проектот ТММ (Trans Murder Monitoring)

Податоци од проектот ТММ (Trans Murder Monitoring)

Според податоците од проектот ТММ (Trans Murder Monitoring), во периодот од октомври 2022 до септември 2023, им биле одземени животите на 320 трансродови луѓе, како резултат на анти-транс насилство.

🚺 94% од убиените биле транс-жени и транс женствени лица. Процент кој го отсликува говорот на омраза како и анти-родовата пропаганда која е речиси целосно насочена кон транс-жените.

✊🏿 80% од случаите со податоци за раса и етничка припадност, биле расно дискриминирани трансродови луѓе.

☂️ 48% од убиените биле сексуални работници/чки.

📢 45% од трансродовите лица чија миграциска историја е позната биле мигранти или бегалци.

📍 28% биле убиени на улица, а 26% на местото во кое престојувале.

Сите овие податоци укажуваат на загрижувачки тренд кога станувa збор за интерсекционалноста (пресекот) на мизогинија, расизам, ксенофобија и високиот степен на омраза кон сексуалните работнички, како испреплетени фактори кои ги хранат трансфобијата и анти-транс насилството.

Според TMM од 2008 година до септември 2022 свирепо се одземени животите на барем 4689 трансродови и небинарни луѓе.

Ова не се само бројки, ова се реални луѓе – пријатели, роднини, партнери, сопружници, родители, деца. Секој од овие 4689 луѓе имале богати и исполнети животи. Животи кои на ниту еден начин не заслужиле да бидат скратени. 

Да ги запомниме нивните имиња и да ги одржиме спомените за нив живи, да тагуваме за мртвите и да се бориме за живите.

Нека почиваат во моќ!