Белград Прајд неодамна предупреди за проблем со фалсификати на тестостерон депо од Галеника, кои циркулираат во Србија.
Се испостави дека станува збор за фалсификувани производи што Галеника никогаш не ги произвела, а кои се продаваат нелегално на социјалните мрежи и други сајтови, додека вистинската содржина на овие ампули е непозната.
Ова е сериозна опасност бидејќи лажните лекови можат да предизвикаат неочекувани и сериозни здравствени последици. Важно е сите што го користат овој производ да бидат претпазливи.
Ситуацијата во Македонија:
Иако засега нема официјални информации за ваков проблем кај нас, важно е да бидете внимателни. Ако користите тестостерон депо:
- Купувајте го само од проверени аптеки.
- Проверувајте го изгледот на ампулите, сериските броеви и пакувањето.
- Консултирајте се со лекар или фармацевт за да проверите дали производот е легитимен.
Што треба да направите ако сомневате во автентичноста на производот?
- Не го користете!
- Консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт.
- Пријавете го случајот кај надлежните органи.
Ако имате било какви сомнежи за автентичноста на производот кој сте го земале, веднаш контактирајте го вашиот лекар.
Вашето здравје е најважно!
Извор: BelgradePride