За нас
ТрансФормА e првата и единствена иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица во Република Северна Македонија, предводена од трансродови лица.
ТрансФормА настојува да создаде поволна средина за унапредување на трансродовите лица вклучувајќи ги во своите активности, без разлика на нивниот пол, род, сексуална ориентација, етничка или верска припадност, социјален и работен статус.
Денес, ТрансФормА е препознаена од повеќе организации и институции како иницијатива која активно ги промовира правата на трансродовите лица на национално ново и се стреми кон праведно општество кое ги препознава, прифаќа и почитува различностите и пружа еднаков третман за сите.
Нашите клучни активности се работа со заедницата на трансродови луѓе, соработка со институции во работни групи, организирање Марш за видливост – 31-ви март и организирање настани за Денот на сеќавањето на трансродовите лица – 20-ти ноември.
Визија
ТрансФормА се залага за инклузивно општество за трансродовите луѓе, во кое ќе можат да живеат достоинствен и квалитетен живот.
Мисија
Мисија на ТрансФормА е создавање инклузивно општество преку решавање на клучните прашања со кои се соочуваат трансродови луѓе : невидливост, насилство, дискриминација, недостаток на правно признавање на родот и несоодветна регулација на медицинските процедури.
Цели
- Зголемување на видливоста на трансродовите луѓ;.
- Создавање позитивна слика за родовата различност;
- Заштита, промоција и унапредување на основните човекови права на трансродовите лица, работа со социјалниот, правниот и здравствениот систем во државата;
- Застапување за правно признавање на родот и регулирање на процедурите за медицинска транзиција кај трансродови лица;
- Подобрување на социјалната средина во која живеат трансродовите лица;
- Овозможување полесен пристап на трансродовите лица до здравствени, социјални и правни сервиси, како и адаптирање на постоечките услуги според потребите на самата заедница;
- Ефикасна заштита од насилство и дискриминација врз трансродовите лица;
- Подигнување на јавната свест за прифаќање на трансродовите лица и почитување на нивните човекови права и слободи.
Историјат
2011 | Формирана во 2011 година, првите состанувања се со цел да се мапираат потребите на трансродовите луѓе и да се зајакне заедницата.
На почетокот позната како „трасн група“, преку контакти со граѓански организации и поддржувачи, ТрансФормА почнува да создава кратки видеа и прирачници за зголемување на јавната свест за постоењето на трансродовите лица, како и за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат.
Во својата развојна фаза, во рамките на ЛГБТИ Центарот за поддршка, ТрансФормА како транс група за поддршка, започнува со првите контакти и обуки со психолози, психијатри, претставници на медицинските тимови и активистички групи од Белград.
2014 | Од 2014 година па до денес, ТрансФормА работи без матична локација, но континуирано соработува со Коалиција Маргини.
Заедно прават истражувања, анализи и други видови материјали. Формираат неформална мрежа од активисти и професионалци од различни области кај кои транс луѓето можат да бидат упатени за да добијат поддршка и здравствени услуги без да бидат осудувани и дискриминирани.
Реализираат обуки за комуникациски вештини, застапување, работилници за креативан активизам, формираат работни групи во соработка со поддржувачи и други организации. Транс заедницата станува се поприсутна на јавните ЛГБТИ настани.
2014 – 2017 | Во соработка со блиски партнерски организации и поддржувачи, ТрансФормА почнува да работи на организацискиот развој, зајакнувајќи ги организациските капацитети и мобилизирајќи ја заедницата.
2020 | Во 2020, во соработка со СТАР-СТАР Скопје, почнува да изработува материјали и обуки за сензибилизација на здравствените работници за работа со трансродови лица.
Започнува со мобилизација на трансродови луѓе низ повеќе градови од Република Северна Македонија, со цел поддршка и зајакнување заедницата на трансродови луѓе.
2023 | По долгогодишна соработка и поддршка на родители на трансродови деца и млади, ТрансФормА оформува група за поддршка составена од родители на трансродови деца, кои нудат поддршка на други родители кои поминуваат низ процесот на прифаќање на родовиот идентитет на своето дете.