На 12.04.2024 Германскиот парламент изгласа законска одредба која ќе ги олесни промената на името и родовиот идентитет во официјалните докумети за трансродовите, небинарните и интерполовите луѓе.
Според сегашниот т.н. „транссексуален закон“ во Германија лицата коишто сакаат да ја променат назнаката за род во официјалните документи треба да поминат низ психијатриска евалуација и судска одлука. Противниците велат дека овој процес е инвазивен и ги принудува луѓето да поминат низ психијатриска евалуација и да бидат испрашувани за нивната интима.
Законот поддржан од тропартиската коалиција на канцеларот Олаф Шулц и социјалистичката Лева партија, го усвои законот со 374 наспрема 251 гласа.
Дебатата во Бундестагот беше жестока и емотивна.
„Како трансродови луѓе, повторно и повторно нашето достоинство е оставено да биде предмет на преговори“ се обрати на парламентот пратеничката Ника Славик, која и самата е трансродова жена која го има променето родот во официјалните документи.
„Повеќе од 40 години, „транссексуалниот закон“ предизвикува страдање […] и само поради тоа што луѓето сакаат да бидат препознаени онакви какви што се,“ им се обрати на пратениците Свен Леман, владиниот комесар за ЛГБТК+ „денес конечно му ставаме крај на тоа.“
Што подразбира правото на самоопределување?
Според „транссексуалниот закон“, луѓето можеа официјално да го променат името и ознаката за род, само откако ќе бидат евалуирани од психијатар и судот ќе им издаде дозвола.
Актот за самоопределување им обезбедува да ги променат во едноставна процедура.
Габриел Нокс-Куниг, од Германското застапништво за трансродовите луѓе асоцијацијата Транс*, изјави за ДВ дека со новиот закон веројатноста трансродовите луѓе да трпат дискриминација е помала.
„Замислете дека не можете да платите со вашата [дебитна] картичка во продавница, да не можете да одите на лекар со осигурување без да бидете обвинети за измама или да ви повикаат полиција“ кажа Нокс-Куниг „ова е нешто што во моментов постојано им се случува на трансродовите луѓе во Германија.“
„Со новиот закон, луѓето лесно ќе можат да ги променат името и ознаката за род и овие секојдневни случаи на дискриминација ќе се променат.“
Според дефиницијата во нацрт-законот, транс лице е некој кој што не се идентификува со родот припишан при раѓање, или не исклучиво со тој род.
Новиот закон ќе важи и за небинарните лица кои не се идентификуваат како мажи и жени.
Законот ќе бара од луѓето да го информираат регистарот за матични книги три месеци пред промената да биде направена. За лицата под 14 години само родтител или старател може да го поднесе барањето. Додека, малолетните лица над 14 години ќе можат сами да го поднесат барањето со дозвола од родител или старател. Доколку не им се даде одобрение, семејниот суд може да ги одобри промените на назнаката за род и името ако утврдат дека „не одат против благосостојбата на детето“.
Новиот закон ќе им овозможи на операторите на објекти како што се спортски сали и соблекувални за жени да продолжат да одлучуваат кој има пристап во нив.
Со новиот закон, Германија ќе го следи примерот на Шпанија, која на почетокот на 2023 година донесе закон со кој на лицата постари од 16 години им се дозволува правно да ја сменат назнаката за род без претходна психијатриска евалуација.
ИЗВОР: https://www.dw.com/en/gender-identity-law-passes-in-german-parliament/a-68800054