Со голема радост и гордост, иницијативата ТрансФормА сака да го изрази своето искрено задоволство што Лила Милиќ, нашата ко-основачка, е годинашниот добитник на државната награда „Мето Јовановски“. Ова високо признание, кое Лила го добива заедно со „Центарот за граѓански комуникации“ (ЦГК) од Скопје, е за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права.
Претходно активистка за правата на сексуалните работници/чки Лила се приклучува кон транс-активизмот во 2017 година, и во краток период станува највлијателниот глас на движењето во нашата земја. Со својот активизам, како и со личниот пример како транс-жена која живее отворено во нашето конзервативно општество, Лила инспирира со својата непоколеблива волја, упорност и храброст. Таа е пример за сите нас, трасирајќи го патот кон прифаќање, еднаквост и достоинствен живот за сите.
Особено ја истакнуваме вредноста на оваа заслужена награда во време кога трансродовоста се гледа како закана, а правата на трансродовите луѓе се предмет на контроверзии. Наградата е симбол на отпор и надеж за подобро општество.
Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 10 декември (вторник) во 10 часот во Собранието на Република Северна Македонија.
Честитки за Лила Милиќ за ова извонредно признание! ТрансФормА е горда што ја има како ко-основачка и инспирација.
Тимот на ТрансФормА