Долорес Лео Поповиќ ја освои наградата за најдобро актерско остварување на 32. издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков,“ кој заврши синоќа во Струмица. Тој беше награден за улогата на Ања во претставата „Кенди,“ базирана на романот на Лук Дејвис, во режија на Тамара Стојаноска, независна продукција „Златен Елец“ од Скопје.
Наградата се состои од златен медалјон со ликот на Ристо Шишков, парична награда од 1.500 евра и плакета, кои дополнително ќе му бидат врачени.
Одлуката на фестивалското жири ја образложи претседателот, ланскиот лауреат, Јордан Симонов, во кое покрај него играта на актерите ја оценуваа Билјана Крајчевска и Алксандар Ивановски.
„Бавејќи се со неопходноста на преиспитување и толкување на современоста, преку еден ненападен, суптилен актерски јазик Долорес Лео Поповиќ естетски го обликува проблемот и општественото-политичките односи во кои живееме, создавајќи автентичен моќен лик што покрај актерска естетика и слобода во уметничкото креирање постанува клучно средство за постигнување и негување како на општествената така и на индивидуалната способност за емпатија, но и за постигнување на општествена акција, зашто уметноста – теaтарот е оној којшто инспирира во изградбата на подобар и поправеден свет“ – рече Симонов.