Ноември низ целиот свет е месец постветен на трансродовите лица, месец во кој се сеќаваме, гласно зборуваме и бараме правда.
Во овој период заедницата ширум светот ги чествуваат транс животите – и оние што ги изгубивме, и оние кои се уште се борат секојдневно да живеат автентично, достоинствено и без страв.
Овој ден првпат е обележан во 1999 година, по убиството на Рита Хестер, црна транс жена убиена во Бостон. Нејзината смрт, како и молкот на јавноста, го поттикна активизмот за видливост и правда за транс заедницата.
Од тогаш, 20ти Ноември се одбележува како Transgender Day of Remembrance (TDoR) – ден кога се присетуваме на сите трансродови лица кои ги изгубиле своите животи поради дискирминација, насилство и омраза.
Се сеќаваме и на првата транс жена од нашата земја која уште во почетокот на 2000-тите имаше храброст јавно да зборува за своето искуство и за реалноста на транс заедницата- во време кога немаше простор за видливост.
Подоцна, живеејќи во Канада, таа го продолжи својот пат на автентичност и активизам, оставајќи длабока тага и меѓу локалната и меѓународната заедница.
Нејзината храброст и искреност ја отворија првата пукнатина во ѕидот на тишината околу трансродовата заедница во нашето општество.
Нејзиното постоење не потестува дека борбата за видливост и достоинство започнува со еден глас, и дека тој глас никогаш не исчезнува, туку живее во сите нас што продолжуваме да зборуваме.
Истовремено, со љубов и почит се потсетуваме и на сите трансродови лица кои повеќе не се со нас без разлика на причината.
Нивните живот како и присуството се дел од нашата заедничка приказна. Секоја загуба потсетува дека борбата за достоинствен живот нема да престане.
Овој ноември, покрај сеќавањето, ја започнуваме и кампањата за рушење на митови и ширење на фактите за трансродовата заедница.
Секој мит создава страв. Секој страв создава стигма и омраза.
Со оваа кампања сакаме да ја замениме стигмата со знаење, а омразата со разбирањe.
Да покажеме дека трансродовста не е идеологија или тренд, но и да покажеме дека транс лицата се пријатели, соседи, колеги, семејства. Тие сакаат, создаваат и како сите други и заслужуваат да живеат достоинствено.