Резиме на Документот за политики за унапредување на правата на трансродовите луѓе во Северна Македонија

Резиме на Документот за политики за унапредување на правата на трансродовите луѓе во Северна Македонија

ТрансФорма го подготви Резимето на „Документот за политики за унапредување на правата на трансродовите луѓе во Северна Македонија“, кое на концизен начин ги претставува главните наоди, предизвици и приоритети за унапредување на правата и положбата на трансродовите луѓе во земјата.

Резимето ги опфаќа клучните прашања поврзани со безбедноста и дискриминацијата, правното признавање на родот, работничките и социјалните права, пристапот до здравствена заштита и потребата од зајакнување на ЛГБТИ заедницата и активизмот. Воедно, ги издвојува приоритетните области во кои се потребни промени на политиките и институционалните практики.

Документот е изработен во рамки на проектот „Зајакнување на отпорноста и безбедноста на транс заедницата преку следење на анти-родовите напади и соработка во движењето“, поддржан преку програмата EECA Trans Community Small Grants 2026 на TGEU (Trans Europe and Central Asia).

Авторка: Драгана Дрндаревска

Резимето е достапно во PDF формат и може да се преземе во целост подолу.