Оваа година бевме домаќини на јубилејниот Транспозиум, настан кој ги обединува
трансродовите, небинарните и интерполовите лица од целиот Балкан. Настанот кој за прв
пат се одржа во нашата земја, траеше три дена во кои учесниците имаа можност да се
поврзат преку интерактивни работилници и панел-дискусии, создавајќи заедница која ја
слави различноста и ја зајакнува регионалната соработка во борбата за правата на луѓето
од трансродовата заедница.
Настанот беше организиран од Транс Мрежа Балкан, а во партнерство со овогодинешните
домаќини – ТрансФормА, со административна поддршка од Коалиција Маргини, а
финансиски поддржано од Outright International.
Галерија:
Фотограф: Ванчо Џамбаски