Во рамки на проектот „Зајакнување на отпорноста и безбедноста на транс заедницата преку следење на анти-родовите напади и соработка во движењето“, ТрансФорма го изработи „Документот за политики за унапредување на правата на трансродовите луѓе во Северна Македонија“. Проектот се спроведува во рамки на програмата EECA Trans Community Small Grants 2026 на TGEU (Trans Europe and Central Asia).
Документот се темели на искуствата и потребите на трансродовите, интерсекс и родово-небинарните лица и ги идентификува клучните предизвици и приоритетни области за промена на политиките. Посебен фокус е ставен на безбедноста и слободното живеење на родовиот идентитет, социјалната благосостојба, правото на работа, здравјето и здравствената заштита, како и ЛГБТИ заедницата и активизмот.
Авторка на документот е Драгана Дрндаревска.
Документот е достапен во PDF формат и може да се преземе во целост подолу.