Со голема радост споделуваме дека овогодинешниот базар по повод 31 Март – Денот на транс видливоста беше успешно реализиран. Благодарение на поддршката од заедницата и солидарноста на сите присутни, успеавме да собереме вкупно 28.000 денари, средства кои ќе бидат насочени кон понатамошна поддршка на нашата работа и активности.

Огромна благодарност до сите автори и уметници кои несебично ги донираа своите дела и придонесоа овој настан да биде можен. Вашата поддршка значи многу за нас и за заедницата.

Ви благодариме на сите што дојдовте, поддржавте и бевте дел од овој ден.