20ти Ноември – Ден на сеќавање на трансродовите и различно родовите лица „Ноември – месец на сеќавање, видливост и отпор“

20ти Ноември – Ден на сеќавање на трансродовите и различно родовите лица „Ноември – месец на сеќавање, видливост и отпор“

Денес, на 20ти ноември, ние од ТрансФормА се приклучуваме кон глобалното одбележување на Денот на сеќавање на трансродовите и родово различните лица, ден на споменување на оние животи кои беа изгубени поради омраза, дискриминација и системска неправда.

Според најновите податоци од проектот Trans Murder Monitoring на Transgender Europe (TGEU), за периодот од 01 октомври 2024 до 30 септември 2025 година се регистрирани 281 убиство на трансродови и родово различни лица ширум светот. Овие бројки не се само статистика, тие се сведоштво за длабоките и трајните рани што ги носи нашата заедница.

Во тоа светло, со особена важност го промовираме Прирачникот за заштита од родово-базирано насилство врз транс лицата во Северна Македонија, кој нуди јасни насоки и информации како заедницата може да препознае, пријави и побара заштита во случаи на насилство. Прирачникот е создаден за заедницата со цел да ги зајакне транс лицата во процес на самозаштита, подигање на свеста и користење на постојните механизми за поддршка и правда.

Со одбележувањето на 20 ноември испраќаме јасна порака дека сеќавањето е чин на отпор. Ќе продолжиме да зборуваме без страв, да се бориме со истрајност и да создаваме заедници каде секој транс човек ќе биде видлив, сигурен и ценет за тоа што е.

Ги чуваме во мислите сите што ги загубивме, а ја славиме силата на сите што и понатаму чекорат за правда, видливост и достоинство. Нивната борба е наша заедничка одговорност, и нема да застанеме.

Прирачникот за заштита од родово-базирано насилство врз транс лицата во Северна Македонија можете да го преземете тука.

#TDoR #TrabsDayOfRemebrance#TransLivesMatter #TransBlackLivesMatter #РБН #Видливост #отпор #ТрансЗаедница