Во саботата, во Комитет, се одржа промоција на Транзин – првиот магазин во нашата земја посветен на историјата, идентитетите и искуствата на транс луѓето.
Во моментов, нема друг магазин кој исклучиво се занимава со овие теми, а постои потреба од таков, како за самата заедница, така и за пошироката популација која е изложена на дезинформации за транс луѓето. Се надеваме дека преку страниците на Транзин ќе го отвориме срцето и умот на нашето општество, покажувајќи дека различноста не е пречка, туку богатство.
Особено сме горди што ова прво издание го претставуваме во печатена верзија, а понатаму ќе продолжиме да го објавуваме магазинот и во дигитален формат. На овој начин, нашите содржини ќе бидат достапни за поширока публика, овозможувајќи ни да стигнеме до сите кои сакаат да читаат и да се поврзат со нас.
Од денес магазинот е достапен во дигитален формат на македонски и англиски јазик.